Јавниот превоз во Град Скопје има повеќе пропусти кои им оневозможуваат престој на лицата со попреченост во градските автобуси, реагираат од Коалицијата „ Менуваме“. Од таму спровеле евалиација на терен заедно со нивните членови, семејства на лица со попреченост и нивни асистенти и ги дедектирале следниве пропусти:
Вчера од Коалицијата се пожалија во врска со забраната од возачот на автобусот бр. 7, за лицето во инвалидска количка Александар Велевски и неговото куче придружник да влезат и да се возат на посакуваната релација. Рекоа дека им е одземено правото за движење со куче придружник, стекнато со одлука на ЈСП и Град Скопје. Но, од ЈСП стигна демант дека е донесена одлука со која се дискриминираат лицата со попреченост. А, од владеачката СДСМ се на став дека случајот е скандалозен и дискриминирачки.
Од Коалицијата Менуваме бараат средба со градоначалничката Арсовска за да ги видат новите решенија за модерен градски превоз и се ставаат на располагање за надминување на недостатоците за превоз на лицата со попреченост во градските автобуси.
Сотир Трајков