Државава треба да го реформира правосудството и да ја зајакне борбата против корупцијата, без разлика дали има или не датум за преговори. Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер вели дека блокадата на Бугарија не е разумен аргумент, но не треба да значи и крај на европскиот пат за Македонија. Смета дека нашата земја има закони, но и проблемот е со нивната имплементација.Едни од нив не ги спроведува власта, а други пак граѓаните.
На ниво на држава, имате Закони, но понекогаш не секој е еднаков пред нив и верувам дека тоа е нешто на што треба да работите, затоа што ако сакате граѓаните да имаат доверба во институциите потребно е законот да важи еднакво за сите, вели Даниел Браун од фондацијата Конрад Аденауер.
Новите барања од Бугарија делуваат фрустирачки и обесхрабрувачки за македонските граѓани, но реформите во клучните поглавја мора да продолжат, смета Васко Наумовски, претседател на Институтот за општествени истражувања и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.
На штипскиот Правен факултет денеска се дебатираше за поглавјата 23 и 24 кои ги опфаќа правосудството, борбата против корупцијата и темелните права на граѓаните. Согласно новите критериуми за проширување остануваат отворени се до крајот на преговорите.
Викторија Димитрова Јованова