Македонија Топ вести

Кобниот автобус на „Беса транс“ 120 пати минал граница, но со лажни документи, открива директорката на Царина

Најмалку 120 пати поминал на царинскиот пулт и прикажал документи. Но, дали се вистински или фалисфикат Царинската управа очекува обвинителството да истражи и докаже. Ова доаѓа неколку недели откако јавното обвинтиелство најави обемена истрага за пропустите на работењето на „Беса Транс“, чиј што автобус изгоре заедно со уште 45 патници во автоделницата Струма, Бугарија.

Сепак останува недообјаснето дали царинските службеници можеле или имале знаење да проверат и препознаат лажна документација, на што засега одговор не дала ниту внатрешната контрола на управата. Епилогот заврши со двајца суспендирани служебници од смената на кобната патување на автобусот и еден раководител и со иницијатива за измени во праксата до надлежното министерство.

Човечка грешка или непрофесионалност на возачот. Ова е се поизвесно дека ќе се утврди како причина за автобуската несреќа во Бугарија по последната изјава на директорот на националната истражна служба и заменик главен обвинител Борислав Сарафов, а со најва дека клучните вештачења ќе бидат готови до 24 декември. Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени, на враќање од туристичко патување од Истанбул.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе