Вести Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ ќе бара техничка влада и предвремени избори во мај или јуни

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи да се формира техничка Влада февруари или март, а предвремени избори да се одржат во мај или јуни.

Во ваква една ситуација на вето за евро интеграциите, реален спор со Бугарија кој нас не чини идентитет, инфлација, покачена цена на струјата, сиромаштија, растечка корупција, предвремените парламентарни избори се единственото решение.

И сакам тука да сум јасен, не велам дека изборите секогаш се најдоброто решение, но во состојба кога е јасно дека постојат сериозни проблеми, кога нема начин ниту пак било каква шанса оваа влада нешто да промени, кога генерации повторно се оставени бесконечно да чекаат пред портите на ЕУ, предвремените парламентарни избори се единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државата.

Затоа бараме во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни да имаме предвремени паралемнтарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија.

Во Македонија е потребен нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу нов договор со народот и заедничкиот патриотизам за работите кои му се важни на народот, а кои совршено јасно е дека оваа власт не може и нема да ги донесе.

Овде секоја наша лична кариера е небитна, кога најважното е иднината на нашата држава. Апелирам на разум, на одлуки кои ќе се базираат на тоа што е најдоброто за државата и народот. Ова е отворен апел до власта за брзи избори, како единствено решение за излез од политичката и економска криза, и наша обврска за борба за нова иднина кон која сите заедно се имаме обврзано, порача христијан мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова по средбата со Кошта: За нашиот предлог за уставни измени со одложено дејство вели дека е извонредно конципиран, но Бугарија не го прифаќа

Дејан Дејан

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе