Вести Македонија

Мицкоски обвинува дека Итната помош ќе ја добиела фирма блиска до Заев, СДСМ со демант

Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека измените на Законот за здравствена заштита се всушност обид Итната медицинска помош да ја добие фирма блиска до премиерот Зоран Заев.

Тој тврди дека станува збор за фирма чија примарна дејноост е обезбедување, а која е ангажирана  во сите јавни објекти како и во компаниите од електроенергетскиот сектор.

Реакција на СДСМ на изјава на Христијан Мицкоски

Демантирани се лагите на Христијан Мицкоски, кој со конструкции и шпекулации ја манипулира јавноста дека брзата помош ќе се приватизира. Политички спин е дека со предложените измени во законот за здравствена заштита се приватизира брзата помош, соопштуваат од СДСМ.

Напротив велат СДСМ, со измените на Законот за здравствена заштита на Итната медицинска помош ќе и се овозможи зголемување на ресурсите и законски ќе се регулира услугата која со години наназад ја даваaт приватните здравствени установи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе