Вести Македонија

Пендаровски предлага реципроцитет за случајот Монструм со Косово и сведочење во живо или по видео врска на избеганите Демири и Исмаиловиќ 

-Јас им реков на моите соговорници таму, битен момент е реципроцитетот. Првите двајца обвинети (случај Монструм) се кријат во Косово, живеат во Косово. Немаме ниту изјава земено од нив. Јас се согласувам дека меѓу многу луѓе има контроверзи за случајот, истакна претседателот Пендаровски во Топ Тема кога одговараше на прашањето за предвидениот мониторинг на неколку судски случаи договорени меѓу Заев и Гаши и дали биле тема овие предмети при неговата посета во Косово.

-Треба да се утврдат сите елементи, но како ако првите двајца обвинети не ни се достапни. И реков еве нека се обезбеди видео конференција за изјава. И тоа е можно денеска, со ковидот научивме многу работи. Меѓутоа би било најдобро да дојдат и под силен меѓународен мониторинг, за нив двајца кога ќе дојдат да ги дадат изјавите. Меѓународен мониторинг имало на многу судски случаи од 90-тите наваму, од претставници на ОБСЕ, Совет на Европа, на американска амбасада, има и извештаи по нивни мониторинзи. Па ако ги проверите и вашите видео архиви ќе видите дека на сите рочишта на случајот (Монструм) ќе видите дека имало монитори на процесот, рече Пендаровски.

Претседателот како што укажуваати правниците повтори дека единствен начин за реотворање на некоја веќе завршена судска постапка е да се открие и понуди нов доказ кој не бил познат за време на судската постапка.

-Нека излезат луѓе,еве например овие двајца (обвинетите и осудени на доживотен затвор Демири и Исмаиловиќ) и нека кажат. Ние имаме ново, „не беше така, вака беше”, и тогаш може да постои можност. Ќе се преотвори целиот процес од почеток, но мора да има нов доказ, потенцираше Пендаровски.

Во интервјуто за Топ Тема на Телма, Пендаровски оцени дека за случајот „Монструм“ не може да станува збор за какво и да било етничко убедување кога и судијата и обвинителката беа Албанци.

За Диво Насеље немало разговори со косовските официјални домаќини на Пендаровски.

– Очекував да ми го постават тоа прашање на средбите со косовската претседателка и косовскиот премиер, бидејќи станува збор за нивни државјани (случај Диво Насеље) и дека ќе покажат интерес во оваа смисла, меѓутоа не го потенцираа воопшто тоа прашање во разговорите, изјави Пендаровски.

И да прашале, посочи Пендаровски, ние за првиот случај чекаме одлука од Врховен суд и како политичари не смееме да се мешаме во независноста на судството. По конечната одлука на судот, осудените косовски државјани пак имаат право да бараат да бараат да ја доиздржуваат затворската казна во својата родна земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе