Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека измените на Законот за здравствена заштита се всушност обид Итната медицинска помош да ја добие фирма блиска до премиерот Зоран Заев.
Тој тврди дека станува збор за фирма чија примарна дејноост е обезбедување, а која е ангажирана во сите јавни објекти како и во компаниите од електроенергетскиот сектор.
Реакција на СДСМ на изјава на Христијан Мицкоски
Демантирани се лагите на Христијан Мицкоски, кој со конструкции и шпекулации ја манипулира јавноста дека брзата помош ќе се приватизира. Политички спин е дека со предложените измени во законот за здравствена заштита се приватизира брзата помош, соопштуваат од СДСМ.
Напротив велат СДСМ, со измените на Законот за здравствена заштита на Итната медицинска помош ќе и се овозможи зголемување на ресурсите и законски ќе се регулира услугата која со години наназад ја даваaт приватните здравствени установи.