Вести Македонија

Крводарителите принудени хуманиот чин да го извршат во мизерни услови во Охридската трансфузиологија

Објект кој целосно се распаѓа, мувла и влага на ѕидовите,  инвентарот е стар и дотраен, прозорците и вратите  нефункционални. Зградата изгледа како да   е напуштена стара психијатриска установа, но сепак тука е сместена  Службата за трансфузиологија во Охрид.

Во вакви катастрофални услови се дарува крв или крвна плазма, хуман и солидарен чин кој спасува животи.  Објектот   ни одалеку не ги задоволува основните стандарди. Крводарители денеска на социјланите мрежи споделуваат фотографии од  подрумксите просториии каде е местане а охридска траснфузиологија

  • Во ваква мизерија  даруваме крв.Затворите во Танзанија имаат подобри услови. Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој момент може да ти паднат на глава..Колку и да се трудат вработените  да ни обезбедат убави и хигиенски услови, eдноставно не е возможно, бидејќи ова е буниште, пишуваат крводарителите на социјалните мрежи

Директорот  на Институтот за трансфузиона медицина Садула Усеини    вели дека наследил лоши услови не само во Охрид, туку и во други градови во службите за траснфузиологија.

Проблемот датира од 2007 година кога трансфузиолошките единици се преземни од болниците и споени со Институтот.  Во 2018 направен е план за реконструкција, по што обноевен е просторот на Институтот во Скопје,  службите во Битола и Струмица,  во завршна фаза се работите во Гостивар, а следната година на ред се и службите во Прилеп и Велес. Во Охрид планот е да се изгради нов обејкт.

  • Службата за трансфузиона медицина во Охрид се анализираше подолго време и констатирано е  дека просторно и локациски не ги исполнува  стандардите  за нормално одвивање на дејноста.  Секоја реконструктивна активност во ова служба ќе значеше несоодветна инвестиција. Затоа заедно со Минситерството за здравство презедовме  административни активности  за нова локација, а  Општина Охрид  издаде  маркица за изградба  на нов објект во кругот на болницата, вели Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиологија.

Усеини се надева дека следната година ќе се реалзира овој проект со што ќе се обезбедат стандардни услови за Службата за трансфузиона медицина во Охрид

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе