Македонија Најважни

Пендаровски: Ваков услов, не само што пред никого не бил поставен, туку нема никаков контакт со сетот критериуми за членство

Го поздравувам пристапот на новиот бугарски премиер и очекувам што е можно поскоро, да започнеме со практична и конкретна реализација на тој негов план, порача шефот на државата Стево Пендаровски во врска со продолжувањето на преговорите со Бугарија. Во вечерашното гостување во Топ тема на Телма, претседателот изјави дека очекува и новиот мандатар на владата да се согласи со него.

Се согласувам со пристапот, затоа што првата реченица која што ја кажа беше дека не смееме да разговараме само низ тој историски канал и заговараше  формирање на работни групи. Тоа е одличен пристап, нема да зборуваме само за националноста на Цар Самуил или Гоце Делчев, туку ќе зборуваме за многу работи кои ги засегаат нашите граѓани, енергија, инфраструктура, образование, пандемија, инвестиции. Тоа според мене е далеку помодерен пристап од тој што го гледавме до неодамна, со претходната влада, изјави претседателот Пендаровски.

Според претседателот историската комисија е важна за да се затворат и пополнат одредени дамки во историјата, кои се појавиле поради еднодимензионалното претставување на комунистичката историографија во двете држави. Пендаровски исто така го повтори вчерашнито став од Приштина, дека рокот од шест месеци, кои новиот бугарски премиер Кирил Петков ги спомна во интервјуто за Фајненшл тајмс, е предолг.

Откога се започнати преговорите со Бугарија од 2017 до денес, особено последниве две, две ипол години, имавме само две заеднички сесии на двете влади на кои се правеше евалуација на постигнатото во исполнувањето на договорот. Разговаравме за многу прашања, многу работи се кажани и нема некое прашање на кое би можело да има изненадување. Јас не гледам такво. Проблемот беше во тоа што Бугарија го наметна пристапот, само ако историчарите во нивната комсија кажат „може“, само тогаш можеме да почнеме преговори. Можеби не за 10/15 дена, но за неколку недели можат да се расчистат тие дилеми, смета претседателот.

Пендаровски потсети дека за бугарската резолуција, со која се блокираше отварањето преговори за Македонија, во бугарското национално Собрание беше изгласана со повеќе од 200 гласови за, и ниту еден против од 250 члениот парламент. Рече дека реториката во изјавите кои ги атачираат на главните документи во Брисел, е апсолутно иста со реториката на претходната влада. Пендаровски рече дека ги испратиле одговорите на последните 5+1  барања од Софија, но сѐ уште немаат добиено официјален одговор, освен последната блокада во Брисел.

Со денешното вето јасно е дека тие не ги бендисуваат нашатите одговори за тие неколку точки. Но се разбира дека станува збор за црвени линии од кои не може никој да отстапи, така што и во фебруари, и во март, кога било пак да бидат псотавени тие пет, шест точки на маса, нашиот одговор, нашите формулации пак ќе бидат идентични, порача Пендаровски.

Пендаровски оцени дека ваков услов, не само што пред никого не бил поставен, туку нема никаков контакт со сетот критериуми со кои се соочила секоја една кандидатка за членство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе