Алтернатива се придржува до принципите поради кои одлучи да се приклучи на владејачкото мнозинство. Следствено на тоа, одржувањето на евроинтегративниот курс и добрососедството е една од основните и најважни точки за да ја донесеме таа одлука.
Од партијата велат дека не зависи од нив решавањето на спорот со Бугарија, ниту одлуката за отворање преговори со ЕУ, иако нивното вклучување во владата секако го помогнал на овој процес.
Имаме големи надежи дека ние сме ги исполниле условите за отварање на поглавјето за интеграција со ЕУ и сме многу оптимисти дека тоа ќе се случи до крајот на јануари. Доколку, хипотетички тоа не се случи, не мислам дека само Алтернатива треба да го постави прашањето како понатака, туку ова е прашање што треба да го постават сите политички фактори во државата, соопштуваат од партијата.