Вести Македонија

Ковачевски и официјално претседател на СДСМ: Веднаш се зафаќаме со работа

Попладнево во седиштето на СДСМ се одржа примопредавање на функцијата претседател на партијата. Поранешниот претседател Зоран Заев, на новоизбраниот претседател Димитар Ковачевски му ја честиташе победата на внатрепартиските избори и му посака успешен мандат.

  • Претседателе ти посакувам среќа, мудроста ја имаш, да ја чуваш оваа најголема и државотворна партија, да ја негуваш социјалдемократијата, да водиш грижа за единството и да ја чуваш слободата и демократијата во нашата земја, како и во партијата. Посакувам успешен мандат како претседател на СДСМ, да избереш мудро раководство кое ние сите ќе го следиме. СДСМ е столб на државноста, му порача Заев на Ковачевски.

Како што се вели во партиското соопштение новоизбраниот претседател Ковачевски му се заблагодарил на поранешниот претседател Заев за неговиот придонес во водењето на СДСМ, но и на Владата во изминатите години.

  • Ти благодарам и за мудрите одлуки што ги донесе за партијата, но и за државата, благодарение на кои што денеска земјата е членка на НАТО и сме на прагот на почнување на преговори со ЕУ. Благодарам што оставаш партија во наследство што има најголем кадровски потенцијал. Сакам да ти посакам многу здравје, и среќа во личниот и професионалниот живот“ – порача Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе