Футсал репрезентацијата на Македонија во првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора што се одигра во Скопје играше без победник 2:2.
Гостите поведоа со 1:0 преку Лука Вулетиќ, а во 27-та минута Иван Крстевски успеа да го израмни резултатот на 1:1.
Во 32-та Андреј Мицевски ја доведе Македонија во водство од 2:1, а набргу потоа Никола Видаковиќ ги постави конечните 2:2.
Вториот контролен натпревар репрезентацијата на Македонија ќе го одигра утре во А1 арената Борис Трајковски, а почетокот е закажан за 17 часот и 30 минути.
ФОТО: Игор Паневски