Вести Македонија Најважни

Пендаровски: Бугарскиот предлог е прифатлив, но временската рамка е предолга

Македонија не може да биде дестабилизирана , по ниеден основ, доколку наскоро не добие датум за преговори со Европската унија.

Ова е ставот на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, според кого Македонија не била дестабилизирана од 10-годишното грчко вето и оти тоа нема да го дозволи и сега.

„Она што јас го знам, а би требало да го знам како претседател на државата во тој дел – нема никаква најава дека ако чекаме подолго со нерешен спор со Бугарија и чекаме подолго да ги почнеме преговорите со ЕУ, дека ќе дојде до, било каква, од било кого, иницирана внатрешна или од надвор дестабилизација на земјата“, рече Пендаровски.

За Пендаровски прифатлив е предлогот на новиот бугарски премиер, Кирил Петков, да се формираат работни групи меѓу Македонија и Бугарија во делот на економијата, инфраструктурата, културата и согласен е дека историјата и тоа што се случило пред три века не треба да биде единствен канал за соработка меѓу двете земји. За Пендаровски спорно во предлогот Петков е временската одредница за постигнување на решение со Македонија.

 „Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние како две соседни држави комуницираме. Да Разговараме за инфраструктура, Да разговараме за енергетско поврзување, Да разговараме за економија, трговска размена… Се разбира не го поддржувам временскиот рок бидејќи беше најавен за шест месеци, мислам дека проблемот меѓу нас може да се реши за многу покус временски рок”, е ставот на Пендаровски.

Пендаровски и двете пораки поврзани со македонските евроинтеграции ги испрати денеска од Приштина каде беше во прва вопштои официјална посета на македонски претседател на Косово, каде токму во делот на  евроатлантските интеграции на косовската претседателка Вјоса Османи и пренесе дека нејзината земја може да смета на поддршката и искуството кое го имала Македонија на патот и кон НАТО и кон ЕУ.

Пендаровски по средбата со Османи изрази подготвеност дијалогот меѓу двете земји да се интензивира и највисоко политичко ниво, а информираше и дека било разговарано за унапредување на правата на етничките Македонци во Косово, но и за можноста за отворање на нови гранични премини меѓу двете земји.

Османи од своја страна се осврна на соработката меѓу двете земји за која кажа дека Македонија е важен партнер за Косово, со меѓусебно потпишани 40 меѓународни договори, со заложба билатералната, пред се економската и трговската, да се продлабочува.  Во тој контекст таа ја спомена и илогата на Албанците во Македонија.

„Албанците во Северна Македонија се темел на стабилноста, но и сила на унапредување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија”, рече Османи.

 И косовската претседателска изрази разочарување од Европската унија поради неисполнување на ветената визна либерализациија за нејзината земја, а се пожали и на обидот на Русија преку Србија да го дестабилизира Косово.

Македонскиот претседател пак на косовската колешка и го пренесе ставот дека Македонија поддржува постигнување взаемно прифативо решение меѓу Белград и Приштина што би значело и понатамошна неповратна стабилизација на Западниот Балкан.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе