Раководителот на одделот за хидрологија во УХМР, Васко Стојов, во Да си кажеме на Утринската програма на Телма изјави дека водостоите во горните текови се намалуваат, а поголеми водостои има во долните сливни текови на Брегалница, Црна река, Боротинска река, Крива река и Струмица.
На прашањето зошто и покрај обилните врнежи на дожд и снег, Преспанското езеро е под апсолутниот минимум, Стојов вели дека проблемот со кого што Преспанското езеро се соочува со децении не може да се реши брзо со толку мали врнежи.
Преспанското езеро е посебен проблем затоа што се соочува со децении со одредени притисоци кои не може така брзо да се реши со толку мали врнежи. Треба постојано да врне, постојано да се внимава на езерото, да не се исцрпуваат водите од него во најкритичните моменти и тогаш би можеле да очекуваме некое подобрување. Секако и таму бележиме благ пораст во текот на изминативе десетина дена меѓутоа се уште сме далеку од некој нормален водостој на тоа езеро затоа што за таа работа потребно е сите три држави да внимаваат и да дадат свој придонес, изјави Стојов.
Повеќе од разговорот со Васко Стојов во Да си кажеме со Горан Петревски.