Ковид19 Македонија

Регистрирани нови 353 заразени со Ковид-19, починати се 10 лица

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од: Скопје – 235, Битола – 39, Прилеп и Куманово – по 26, Охрид – 20, Кавадарци – 15, Струмица – 13, Кочани – 11, Велес, Берово и Демир Хисар – по 7, Радовиш и Штип – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Кратово – по 4, Тетово – 3, Кичево, Свети Николе, Делчево, Струга, Ресен, Виница и Пробиштип – по 2, Валандово, Неготино и Пехчево – по 1, додадоа од МЗ.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: три починати лица од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 19.11-07.12.2021 година. Починатите лица се од Гевгелија (1), Скопје (1), Кочани (1) и Дојран (1). Починатите лица се на возраст од 71г до 88г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Направени се 3.162 тестови преку: ИЈЗ-296, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-160, Биотек-159, Систина-76, лабораторија Лаор-132, Синлаб-32, Ремедика-25, Плодност–43, Генеа-10, Никоб лаб-283, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-68, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.361.

Досега во земјата се направени вкупно 1.507.103 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а бројот на активни случаи изнесува 5.428.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе