Вести Македонија Топ вести

Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите одложено рочиштето за ТНТ

За 22 декември е презакажана главната расправа за  предметот „Т.Н.Т.“ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

-Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10:00 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката.

Случајот „Т.Н.Т“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе