Точно на пладне во Нион се одржа жрепката за осминафиналните двојки во фудбалската Лига на шампиони.
Во најинтересниот дуел за влез меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување Пари Сен Жермен ќе се соочи со Манчестер Јунајтед, а неизвесна борба се очекува и на мечевите меѓу Атлетико Мадрид и Баерн.
Бранителот на трофејот Челзи успеа да ги избегне директните ривали за пласман во четвртфиналето и во првото елиминациско коло ќе се соочи со Лил.
Јувентус во оваа фаза од натпреварувањето ќе се сретне со Спортинг Лисабон додека вториот португалски претставник Бенфика за противник го доби мадридски Реал.
Ливерпул е фаворит во дуелот против Салцбург како и Манчестер Сити кој за противник го доби Вилјареал.
Во последниот натпревар од осминафиналето Интер ќе се сретне со Ајакс.
Првите дуели се на програмата на 15/16/22/23 март, а реванш средбите ќе се играат на 8/9/15/16 март.
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ОСМИНАФИНАЛЕ
БЕНФИКА – РЕАЛ МАДРИД
ВИЛЈАРЕАЛ – МАНЧЕСТЕР С.
АТЛЕТИКО М. – БАЕРН
САЛЦБУРГ – ЛИВЕРПУЛ
ИНТЕР – АЈАКС
СПОРТИНГ Л. – ЈУВЕНТУС
ЧЕЛЗИ – ЛИЛ
ПСЖ – МАНЧЕСТЕР Ј.