Попушти едниот столб на мостот на Брегалница кај село Балван, издадена е забра за тешко товарни возила, а другите возачи треба да внимаат.
Надлежните се излезени на терен и вршат проценка за степенот на опасноста. Во моментов под два метри е водостојот на река Брегалница, по врнежите од снег кои падѓаа во текот на ноќта.
Надлежните велат дека нема опасност и од поплавување на бунарите, од кои градот се снабдува со вода за пиење.
Вреќи со песок се поставени на критичните точки. Снежните наноси го отсекоа селото Селце, а на расчистување на патот работат екипи на Македонија пат.
Викторија Јованова