Вести Македонија Топ вести

Ковачевски првата честитка ја доби од Заев кој по СДСМ ќе му ја препушти за водење и владата

Дојде како изненадување, така и замина. Зоран Заев по осум години на кормилото на Социјадемократскиот сојзу на Македонија, синоќа со неговиот препознатлив гест – рака на срце, но и со благ наклон од неговиот наследник, Димитар Ковачевски, кон него во знак на почит, расположен и насмеан замина од лидерската позиција во партијата. Пред да ја напушти канцеларијата на Бихаќка тој во неа ги почасти најблиските партиски соработници и новиот лидер на СДСМ.

Заев кормилото во СДСМ му го препушти на Ковачевски кој отворено беше и негов фаворит за наследник, како еден од тројцата кандидати за позицијата. Ковачевски како нов лидер од присутните во седиштето на СДСМ беше поздравен со долг аплауз, но пократок од оној кој го доби Заев на своето заминување.

Ковачевски токму траењето на аплаузот за него во партијата ќе се обиде да го продолжи во идните четири години. Првиот чекор кон тоа ќе му биде реализацијата на програмата „Заедно, одговорно и посветено“ со која ја освои лидерската позиција во СДСМ.

„Секој најодговорно да им се посвети на задачите кои му се доверени. Вечерва завршуваме со ветувањата. Од утре почнуваме со реализација. Не чека напорна работа, ако сакаме СДСМ да биде таков каков што сите го посакуваме – силен и обединет“, рече Ковачевски по изборот.

Реализацијата на програмата на новиот лидер, пред се враќање на единството во партијата, продолжување на социјалдемократските вредности, но и отворање на партијата кон нови кадри, ќе биде проследена и со промени во телата на СДСМ.

„Ова раководство на партијата, централниот одбор и извршниот одбор се избрани пред само седум месеци. Во нив има голем броој на професионалци, луѓе кои што свјоата кариера ја изградиле како во партиијата, така и во професиите во кои што работат. Но исто така кажав дека јас ќе го искористам статутарното право да докооптирам, на мој предлог, членови на централниот одбор“, рече Ковачевски.

Противкандидатите на Ковачлевски на внатрепартиските избори не очекуваат за воврзат на поразот да добијат раководни позиции во партиијата.

„Не, е одговорот на прашањето“, кратко одговори на ваквото прашање Јован Деспотовски.

 

„Лично никогаш не сум лицитирала со политички функции“, пак беше ставот за тоа на Фросина Ременски.

Ковачевски освен со кадровските промени во партијата наскоро ќе мора да се зафати и со кадровски промени и во владата, како нов мандатар, откако Заев најави повлекување и од таа функција, најдоцна во јануари. Сепак за таму Ковачевски изборот, како што вели, ќе го прави со помош на Централниот одбор на партијата.

„Предлагањето на министрите, односно на кадровските решенија во СДСМ се прави од телата на партијата“, појасни Ковачевски.

Некои од актуелните министри пак до тогаш, како што велат, ќе работата и ќе чекаат да видат дали ќе бидат реизбрани.

„Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам, а секако дека мандатарот, во моментот кој ќе биде мандатар, ќе одлучува за тоа кој и како ќе му бидат кандидати за челните позиции“, изјави Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи.

Преземањето на премиерската функија за Ковачевски ќе значи дека освен консолидирањето на својата партија истовремено ќе мора треба да ја консолидира и државата и тоа, како што рече самиот, по три клучни прашања – пандемијата со корнавирусот, енергетската криза и односите со Бугарија за старт на преговорите со ЕУ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се остават повеќе пари во трговијата, но се купуваат помалку производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе