На 70. светски избор за најубава жена во израелското одморалиште Еилат, избрана е нова Мис на светот за 2021 година (Мис Универзум), дваесет и едногодишната Харназ Саду, Мис на Индија.
Харназ Саду зад себе остави 79 натпреварувачки. Мис Парагвајката Надја Фереира ја освои титулата прва придружничка, додека Мис Јужна Африка Лалеј Мсване беше избрана за втора придружничка.
Круната на новата најубава жена на светот, по традиција, ја врачи минатогодишниот победник Мексиканката Андреа Меса, која круната ја носеше само седум месеци бидејќи изборот беше одложен поради пандемијата на коронавирус.
Харназ Саду на натпреварот се претстави како жесток поборник за зајакнување на позицијата на жената во светот. Работи како актерка, а најголема инспирација и е познатата Прајанка Чопра. Во слободното време се занимава со јога, танцување, готвење, шах и јавање.
Саду беше и главен фаворит кај обложувалниците бидејќи веќе е добро позната во светот на модата и беше победничка на натпреварот LIVA Miss Diva, а секако и на Мис Индија, која е една од најпрестижните награди.
Индија последен пат победи на изборот за Мис на светот во 2000 година благодарение на актерката Лери Дути.
Претставничките на САД, Јужна Африка, Венецуела, Парагвај, Филипини, Аруба, Индија, Велика Британија, Јапонија, Бахамите, Порторико, Сингапур, Колумбија, Панама, Франција и Виетнам се најдоа меѓу 16-те најубави жени.
На овој избор за Мис на светот за прв пат се натпреваруваше претставничка на Обединетите Арапски Емирати, а по повеќе од четири децении се појави и претставничка на Мароко.