Вести Македонија Топ вести

Герасимовски за Телма: Општината нема правна можност да ја запре изградбата на кулите на паркингот кај Холидеј Ин

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во гостувањето во утринската програма на Телма вели дека општината нема правен основ и начин како да се стопираат изгрдбата на згради кај паркингот пред хотелот Холидеј  Ин.

-Во тој дел платени се комуналии кон општината и кон Град Скопје, издадена е дозвола и тоа е правно и може од утре да се гради. Побарано е ново идејно решение да се намали катноста на останатите две, не е побарано друго само идејно решение. Една е 18 другата 11 ката кои се планираат. Во моментов ние како општина немаме правен основ и начин како да стопираме градба во тој дел. Во Јавното обвинителство има некој предмет во делот на купопродажба, во делот на како е стекнат капиталот и се останато, не сум целосно упатен што е доставено до Јавното обвинителство. Побарани се документи од страна на општината уште од претходниот градоначалник, сето тоа е доставено до Јавно обвинителство. Доколку Јавното обвинителство даде насока да таму се стопира, јас ќе бидам првиот што ќе излезе и ќе бара тоа да се врати во првобитна состојба. Во моментов, како што кажав има дозвола за градба за која што ние не можеме да правиме било какво стопирање, изјави градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Повеќе од разговорот во Да си кажеме на Утринска на Телма.

Деталниот урбанистички план Ц08 во кој спаѓа и земјиштето кај „Холидеј Ин“ е причина и за иницијатива на Антикорупциска за истрага, испратена до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заради одобрување и незаконско донесување на Планот. Од Организиран криминал велат дека иако кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ за кое добиле укажувања од ДКСК, во суштина не е надлежност на ова Обвинителство, сепак тие решиле да постапат по иницијативата за да се види дали е направена штета на буџетот на државата или пак дали е сторено некое друго кривично дело кое е во нивна надлежност. До одговорите засега не можат да дојдат затоа што тврдат дека сè уште ја немаат добиено документацијата.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе