Светската фудбалска федерација најверојатно ќе се откаже од идејата да ги организира Мундијалите на секои две години, но првиот човек на ФИФА, планира ново натпреварување.
Според пишувањето на Дејли Мејл, Џани Инфантино и соработниците подготвуваат нов предлог за одржување на натпреварување кое би било организирано по принципот на Лигата на нации на УЕФА.
Натпреварувањето ќе се одржува на глобално ниво и се планира да се одржува на секои четири години и би било алтернатива за Купот на конфедерации на кое настапуваа континенталните шампиони, а не е одржано од 2017 година.
Неофицијално ФИФА планира да организира состанок со сите челници на континенталните и националните асоцијации кој би се одржал на 20 декември и на него ќе се разговара за термините во кои би се играле натпреварите.
ФОТО: Игор Паневски