Охрид, Струга , Битола, Гостивар, прилепско, гостиварско – кичевско – десетици градови и села низ Македонија од утрово и претпладнево се или целосно без струја или ја добиваат со повремени прекини, поради, според досегашните информации дефет на електричната мрежа на ЕСМ.
Интензивните врнежни од снег и уривање на 35 киловатен далновоед кај Вруток, Бела Вода е причината за испад во електричната мрежа инфорамираат од ЕСМ. Дополнително, велат, пријавени се и помали дефекти во нисконапонската мрежа во владение на ЕВН. Екипи на ЕСМ и ЕВН се на терен на повеќе локации, но пречка е многу тешкиот воден снег кој непрестано врне, се вели во известувањето на државната комапанија ЕСМ.