Вести Македонија

Со 22 илјади судски предмети годишно и 17 судии, Основниот суд во Битола е на работ од ефикасно работење

Со недостиг од судии се соочува битолскиот Основен суд кој е со проширена надлежност и покрај од Битола,  ги решава предметите од Општините Новаци, Могила и Демир Хисар. Има 17 судии, од кои едниот е претседател, кои годишно работат на 22 илјади судски предмети. По систематизација Основниот суд во Битола треба да има 25 судии.

  • Но, во моментот функционираме со 17 судии што значи непополнети се осум места. Ние согласно бројките, податоците и искуствата со годините наназад во рамки на можностите, како суд со проширена надлежност, би требало да добиеме од Академијата, преку редовна постапка за избор, барем три до пет судии, вели Миле Димовски, претседател на Основен суд Битола

Со овој број на судии, Основниот суд во Битола е на граница за решавање на новопримените предмети, меѓу кои најзастапени се кривичните и прекршочните предмети.  Излез од состојбата бараат со тоа што дел од предметите се распределуваат на судиите од другите оддели.

  • Граѓанскиот оддел, без оглед на принципот на специјализација на судството, на седница на Совет на судиите беше договорени и прифатено, граѓанските судии да помогнат во кривичниот и прекршочниот оддел на начин што ќе се вклучат во распределбата и ќе решаваат и прекршочни премети, од фактот што судии се судии,  додаде Димовски.

За работата на судиите до Основниот суд во Битола  годишно пристигнуваат од 20 до 30 претставки од граѓаните, што според претседателот Димовски, не е голема бројка на поплаки.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе