Снегот кој од ноќеска паѓа во мавровскиот регион предизвика проблеми во одвивање на сообраќајот. Голема колона од возила и застој има кај месноста Бунец, а полицијата прави напори да обезбеди движење по една коловозна лента кон Дебар.
Според информациите на СВР Тетово, во овој регион има проблеми во одвивањето на сообраќајот и се прават напори да се нормализира сообраќајот, а полициски службеници кои се на терен го регулираат протокот на возила.
Граѓани кои се најдоа утрово на пат преку социјалните мрежи информираат дека и кружниот пат околу Мавровското езеро е непрооден заради снегот на коловозот.
До утрово во Маврово снежната покривка достигна 30 сантиметри.