Македонија Најважни

16-та средба на македонските и бугарските историчари на која се очекува да ги придвижат работите, но политичките случувања во двете земји не им одат во прилог

Заглавена веќе една година на прашањето за толкувањето на Цар Самоил, поточно историскиот периодот на 10 и 11 век, Мешовитата комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, денеска, на вториот ден од 16-тата нејзина средба, во обид да ги помести работите од мртва точка. Од десетата средба на Комисијата минатиот декември нема напредок во работата на Комисијата, а прашањето за Цар Самоил кое се сметаше за затворено повторно се најде на маса на инсистирање на бугарската страна.

Македонскиот тим на новата средба која се одржува он-лајн учествува со еден член помалку. Во октомври историчарот Ванчо Ѓорѓиев најави повлекување од Комисијата поради наводни притисоци од страна на МНР, по што беше и разрешен од страна на шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Османи тогаш побара од членовите на македонскиот дел од Комисијата сами да го избере својот нов седми член, што до денеска не е направено.

Во меѓувреме неизвесно е како ќе продолжи работата на Комисијата со оглед дека и во Бугарија и во Македонија се очекуваат политички промени, што може да влијае врз составот, но и начинот на работата на Комисијата.

Во Бугарија се очекува деновиве пртседателот Румен Радев да го даде мандатот за формирање на нова влада, која ќе ја земени техничката, на која девет месеци токму техничкиот карактер и беше главен аргумент за држење на статус-кво на прашањето кон Македонија – без политички одлуки и повторување на исцртаните позиции на претходната бугарска влада.

Новиот мандатар на бугарската влада извесно е дека ќе биде Кирил Петков откако до крајот на денов се очекува да биде потпишан меѓупартиркиот договор на четири партии за формирање на новата влада. Неговата партија „Промените продолжуваат“ денеска во бугарскотот Собрание започна со собирање на потписи за одржување на седница в понеделник на која би се гласало за новиот владин кабинет. Предлог за нов министер за надворешни работи на Бугарија е Теодора Генчовска, на предлог на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифунов.

Инаку Петков непосредно по неговата победа на изборите изјави дека историјата не треба да биде единствената тема за разговори меѓу двете земји. Според него треба да се формираат работни групи во кои треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието. време.

Македонија исто така е во очекување на нова влада, откако Зоран Заев најави повлекување од премиерската позиција откако ќе се искористи и последната можност, до средината на јануари, за земјава да ги почне преговорите со Европската унија. Тој во најавата на својата оставка извести дека по неговата оставка неизвесноста за постигнување на решение меѓу двете земји ќе биде поголема, без дообјаснување на овој свој став.

Но освен политичките промените во двете земји кои може да влијаат врз целиот процес на разговори, но и на работата на Комисијата, за придвижување на ова прашање притискаат САД и нејзините партнери во Европската унија, кои очекуваа ова прашање да биде затворено о крајот на годинава или до почетокот на идната. Франција пак кој на 1 јанури го презема претседавањето со унијата, а која прв го блокираше стартот на преговорите со земјава со барање на нова методологија на преговори, во своите приоритети како земја-претседавач бара „појансување на европските перспективи на Западниот Балкан. Интересно е што во делот на Иднината на Европа Франција сака да се работи на повеќе на историјата на Европа на „независна историографска рамка“ наспроти историскиот ревизионизам кој што го има во одредени делови на Европа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе