Спорт Фудбал

Жрепката за ЛЕ и КЛ в понеделник

В понеделник во Нион ќе се одржи жрепката за првото елиминациско коло во Лига Европа и Конференциската лига. Според новите правила победниците на групите во двете натпреварувања обезбедуваат директен пласман во осминафиналето додека освојувачите на вторите и третите позиции ќе бидат дел од разигрувањето за влез меѓу шеснаесетте најдобри, а во плеј офот ќе им се приклучат и трето пласираните екипи од Лигата на шампионите.

Разигрувањето за настап во осминафиналето во двете натпреварување ќе се игра на 17 и 24 февруари.

Директен пласман во осминафиналето во Лига Европа обезбедија: Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен, Вест Хем, Галатасарај и Црвена Звезда.

Статус на носители во плеј офот имаат: Ренџерс, Реал Сосиедад, Наполи, Олимпијакос, Бетис, Динамо Загреб, Брага и Лацио.

Додека потенцијални противници им се Лајпциг, Порто, Борусија Дортмунд, Шериф, Барселона, Аталанта, Севилја и Зенит.

Почетокот на жрепката в понеделник е закажана за 13 часот.

Во Конференциската лига директен пласман во осминафиналето обезбедија: ЛАСК, Гент, Рома, АЗ Алкмар, Феенорд, Копенхаген, Рен и Базел.

Носителски статус во жрепката за разигрувањето имаат: Макаби Тел Авив, Партизан, Бодо/Глимт, Рандерс, Славија Прага, ПАОК, Карабаг, и Витесе или Тотенхем.

Можни противници во плеј офот им се Спарта Прага, ПСВ Ајндховен, Лестер, Фенербахче, Селтик, Марсеј, Митјиланд и Рапид.

Жрепката в понеделник почнува во 14 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе