Спорт Фудбал

Италија домаќин против Македонија во Палермо

Фудбалската федерација на Италија потврди дека натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во Катар против селекцијата на Македонија ќе се одигра на стадионот Ренцо Барбера во Палермо.

“Одлуката натпреварот против Македонија да го играме во Палермо беше донесена по разговорите со селекторот Роберто Манчини. По освоената титула на последното Европско првенство сакавме новото поглавје во историјата на националниот тим да го отвориме во Палермо, град во кој нашите фудбалери секогаш срдечно биле примени и имале огромна поддршка од навивачите”, изјави претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина.

Капацитетот на стадионот во Палермо е 36.365 гледачи, изграден е во 1932 година, а целосно реконструиран во 1989. На стадионот Ренцо Барбера се играа натпреварите од Светското првенство што се одржа во Италија во 1990 година.

Аѕурите во Палермо до сега одиграле 15 натпревари и забележале 13 победи, еден нерешен резултат против Чешка и пораз од Хрватска.

Дуелот меѓу селекциите на Италија и Македонија се игра на 24 март, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бостон во проблеми: Сезоната и официјално заврши за Џејсон Тејтум

Дејан Дејан

Јокиќ не можеше сам против Оклахома, Индијана го елиминираше Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе