Македонија

Град Скопје отфрла одговорност за метежот низ градот пред два дена

Градот Скопје  останува на ставот од пред два дека , во врска со метежот во сообраќајот, што се случи во текот на попладневните часови ( на 7 декември), на градските сообраќајници и предизвиканиот сообраќаен хаос . Ваков одговор добивме денеска од Град Скопје, на прашањето упатено вчера, во врска со прозивката од МВР дека службите на Град Скопје не биле на висина на задачата зашто под нивни ингеренции е Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој го контролира протокот на возила на крстосниците.

 – Јасни се надлежностите на Градот и на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој служи исклучиво за мониторинг на сообраќајот во градот. Градот Скопје ниту има надлежност за регулирање на сообраќај, ниту пак има надлежност во регулирање при сообраќајни несреќи. Сообраќајниот колапс  е доказ дека граѓаните се жртва секогаш кога институциите, а во случајот МВР не си ја заврши својата работа, велат од Град Скопје.

Град Скопје интензивно ќе работи на реализација на проектите за решавање на сообраќајниот хаос, меѓу кои се нови сообраќајни решенија, инфраструктурни решенија и решенија за алтернативен превоз. Реорганизација на јавниот превоз, набавка на нови еколошки автобуси и зголемување на фреквентноста и бројот на линиите, како и креирање непрекинат систем на безбедни велосипедски патеки и стимулирање на користење на алтернативен превоз се дел од проектите кои ќе овозможат поголема проточност по градските соообраќајници, но ќе влијаат и на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, велат од Град Скопје

Со Центарот се поврзани 92 семафоризирани крстосници или скоро 60 % од вкупниот број на светлосни уреди во градот. Главните функции на Центарот за управување и контрола на сообраќајот се технички активности како што се прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, визуелно набљудување на сообраќајот и информирање на возачите. За таа цел во коловозот се инсталирани детектори кои бројат и детектираат возила и се врши визуелен мониторинг на сообраќајните токови.
– ЦУКС нема надлежности во исклучување на семафорите и за тоа се надлежни исклучиво службите на МВР, односно сообраќајната полиција. ЦУКС нема законско право да го регулира сообраќајот во градот, велат од Градот
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе