Спорт Фудбал

Милер првиот Германец со постигнати 50+ погодоци

Познати се 15 екипи кои во продолжението од сезоната ќе се борат за трофејот во фудбалската Лига на шампиони. Последниот патник во осминафиналето ќе биде познат вечерва по завршувањето на мечот во Бергамо меѓу Аталанта и Вилјареал кој беше одложен поради обилните врнежи од снег.

Барселона за прв пат по пауза од 21 година не успеа да ја мине фазата по групи во шампионската лига. За Каталонците ова е четврта елиминација од формирањето на елитното натпреварување.

Томас Милер е првиот Германец, а вкупно осмиот фудбалер кој успеал да постигне преку 50 гола во Лигата шампионите. Убедливо на првото место со 140 погодоци е Кристијано Роналдо, а пред Милер се уште Лионел Меси, Роберт Левандовски, Карим Бензема, Раул, Руд ван Нистелрој и Тјери Анри.

Со 35 години и 237 дена голманот на Манчестер Јунајтед, Том Хитон е вториот највозрасен Англичанец што настапил во Лигата на шампионите. Рекордот е сопственост на Џон Лукиќ кој на голот на Арсенал во 2000-тата застана со 39 години и 311 дена.

Со десет постигнати гола напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер е најефикасниот фудбалер по првиот круг од натпреварите во шампионската лига. Еден помалку постигна Роберт Левандовски, а по седум пат прецизни беа Кристофер Нкунку и Мохамед Салах.

По одигрувањето на шестото коло од фазата по групи познати се 15 учесници во елиминациската рунда. Во пресрет на жрепката во понеделник статус на носители ќе имаат Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн, Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус. Во вториот сад се сместени Челзи, Салцбург, Вилјареал или Аталанта, Бенфика, Интер, Спортинг Лисабон, Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Манчестер сити сериозно заинтересиран за Тиџани Реијндерс од Милан

Дејан Дејан

Фудбалер на Нотингем Форест во кома откако се судри со стативата (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе