Вести Македонија Најважни

Граѓанските активисти од „Зелена котлина“ прашуваат: Пари за крави и плугови за земјоделците или пари за поткуп на локланите власти од „Еуромакс“ ?

Пари за земјоделци, но и пари за јавни претпријатија. Компанијата „Еуромакс ресурисис“ само три месеци пред локалните избори потрошила 219 илјади евра во три општини на југо-истокот. Во достапните финансиски извештаи нема детали кој и колку добил и за што, а сите се вбројани во ставката социјални одговорни активности. Алармот дека и јавни претпријатија во општините Струмица, Босилово и Ново Село добивале пари за чистење канали, пошумување, и ископи на археолошки локалиети го вклучија граѓанските активисти од „Зелена Котлина“.  Се сомневаат во коруцпијата на локалните власти и тргување со влијание.

Компанијата која го развива проектот за рудник за бакар Иловица – Штука а владата и ј одзема дозволата и тоа го потврди урпавниот суд не запира со донации во локалните заедници и по завршување на локалните избори. Танушев се сомнева во однесувањето на компаниајта регистирана во Канада. Ќе бараа одгворност пред кандаските власти ,а очекува и истражителите во земјава да го испитаат случајот.

„Еуромакс ресурис“ ги негира вкавите наводи а парите велат дека ги намениле за земјоделци кои имале потреба од вложувања во своите земјоделски стопанства. Пари се насочени и кон невладини органзиации кои уредно се јавиле на повикот на компанијата. Одлуката на Управниот суд со која се одбива тужбата на Еуромакс ресурсис, сѐ уште не е јавно објавена, иако таа веќе е внесена во деловните бази на податоци во Канада. Одлуката е донесена во октомври, откако претходно Вишиот Управен суд ја врати постапката назад, но според информациите „Еуромакс ресурсис“ повторно се жалат на Вишиот суд. Од „Здрава котлина“ велат дека поради сличноста на законите случајот се претвори во пинг-понг игра меѓу судските инстанци.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе