Спорт Фудбал

Конте располага само со 11 фудбалери

Во пресрет на дуелот од последното коло во Конференциската лига на УЕФА против Рен, менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте поради голем број на позитивни играчи на Ковид-19 има огромен проблем со составувањето на екипата.

Во моментов позитивни на инфекцијата се дури 13 лица од кои осум се фудбалери, а пет членови на помошниот персонал.

“Проблемот е во тоа што секој ден имаме нови позитивни на тестирањата. Оние кои вчера беа негативни денеска се инфицирани. Целата екипа е во контакт со луѓето за кои сме мислеле дека се негативни. На последниот тренинг на располагање имав само 11 фудбалери од првиот тим”, изјави Конте.

Според протоколите на УЕФА клубот може да го одигра натпреварот доколку има 13 не инфицирани фудбалери од листата  на пријавени 25 играчи доставена пред почетокот на натпреварувањето.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Манчестер сити сериозно заинтересиран за Тиџани Реијндерс од Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе