Вести Македонија Топ вести

Бучковски за односите со Бугарија за Дојче Веле: Оптимист сум, но прашањето е кога

-Јас лично сум оптимист дека ќе има резултат, но за нас е побитно – кога? Ние очекуваме еден од приоритетите на новата влада во Бугарија да биде токму ‘македонското прашање’. Впрочем, извесниот иден премиер Петков, тоа го навести во интервју за Дарик Радио пред 4 дена, изјави за ДВ, Владо Бучковски, специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија.

Бучковски за Дојче Веле изјавил дека разговорите не се прават од денес за утре, туку траат подолг период.

-Петте точки се тема на разговори повеќе од една година. И за време на службената влада во Бугарија продолжи комуникацијата на нашето и бугарското МНР, на министерско и експертско ниво. При посетата на Софија, во јуни годинава, нашата делегација предводена од премиерот Заев разговараше со претседателот Радев и со службениот премиер Јанев за петте точки. Во октомври во Брдо кај Крањ, премиерот Заев на два пати разговараше со претседателот Радев, вториот пат во присуство на канцеларката Меркел. Тогаш, во јавно дадена изјава, Радев потврди дека се бараат конкретни решенија за 5 плус една точка. Чекавме Бугарија конечно да добие политичка Влада. Сѐ поизвесно е дека идната недела ќе добие нова влада предводена од Кирил Петков. Евентуалните конкретни резултати од преговорите водени досега, треба да се верифицираат од новата влада во Бугарија, потоа да се одржи Меѓувладина седница со претседавање на двата министри за надворешни работи, наведува Бучковски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе