Во дербито на 17-тото коло во домашниот фудбалски шампионат, лидерот Шкупи во завршницата од натпреварот против Шкендија успеа да се спаси од пораз.
Гостите од Тетово поведоа во 71-та минута со погодокот на Сидрит Гури, но на две минути пред крајот на средбата Фреди Алварез се запиша во листата на стрелците и на домаќинот успеа да му донесе бод.
Македонија ЃП беше убедлива во соочувањето против Академија Пандев забележувајќи победа од 4:1. а значајни бодови на гостувањата освоија Борец и Работнички кои славеа во дуелите против Ренова односно Брегалница.
ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА
17. КОЛО
СКОПЈЕ – СТРУГА 1:0
Христијан Кировски 77
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1:1
Фреди Алварез 88 – Сидрит Гури 71
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 1:3
Дарко Размоски 25 – Ѓорѓи Ѓорѓиев 24, 73, Крста Ѓорѓевиќ 59
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 4:1
Матеус Лемос 18, Арби Воша 42, 50, Јован Попзлатанов 74 – Адис Хаџановиќ 90
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1:2
Мартин Стојанов 65 – Марјан Ристовски 56, Димитар Тодоровски 60
РЕНОВА – ТИКВЕШ 1:1
Бурхан Мустафов 56 – Барга Анаел 72