По завршувањето на мундијалските квалификации и пласманот на Светското првенство, Хрватската фудбалска федерација ја продолжи соработката со селекторот Златко Далиќ кој на чело на националниот тим ќе остане до 2024 година.
Далиќ на функцијата дојде во 2017-тата и на последниот шампионат во Русија пред три години го освои второто место што е најголем успех во историјата на репрезентацијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.