Во пресрет на дуелот од последното коло во Конференциската лига на УЕФА против Рен, менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте поради голем број на позитивни играчи на Ковид-19 има огромен проблем со составувањето на екипата.
Во моментов позитивни на инфекцијата се дури 13 лица од кои осум се фудбалери, а пет членови на помошниот персонал.
“Проблемот е во тоа што секој ден имаме нови позитивни на тестирањата. Оние кои вчера беа негативни денеска се инфицирани. Целата екипа е во контакт со луѓето за кои сме мислеле дека се негативни. На последниот тренинг на располагање имав само 11 фудбалери од првиот тим”, изјави Конте.
Според протоколите на УЕФА клубот може да го одигра натпреварот доколку има 13 не инфицирани фудбалери од листата на пријавени 25 играчи доставена пред почетокот на натпреварувањето.
ФОТО: Игор Паневски