Македонија

Помалку возила, а повеќе алтернативен транспорт за намалување на сообраќајниот метеж низ Скопје

Воведување одржлива и планирана мобилност и квалитетен јавен градски превоз, е решение за вчерашниот метеж во Скопје, кога 3 часа центарот на градот, а и од Карпош до Драчево, граѓаните во своите возила и колите на Итната медицинска помош беа парализирани и тешко се пробиваа.  За универзитетскиот професор Никола Крстаноски, потребно е воведување алтернативни видови траспорт за сметка на автомобилите.

Тоа значи јасно кажано, обесхрабрување на употребата на автомобилот во градот, како превозно сретство и охрабрување и подршка и градење на квалитетни , алтернативни видови превоз. Пред се, јавен градски превоз, велосипед , системи за изнајмување разни возила и т.н. Значи еколошки, идржливи видови на превоз во градовите, вели професорот Крстаноски.

За таа цел Скопје треба да има јасно дефинирана политика и цели за тоа што сака да постигне околу развојот на сообраќајниот систем и кои мерки да ги преземе, смета Крстаноски.

Дел од тие мерки се долгорочни. Треба време и затоа е многу важно таа долгорочна политика да е добро дефинирана, и да се применува во подолг временски период, смета професорот.

На оваа фотографија се гледа кога на „ Отворен ден на Град Скопје“, во 2018 година, граѓаните се запознаа со работата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, чиј систем инсталиран на 92 крстосници со семафори во Скопје, собира податоци за бројот на возила и за состојбата во сообраќајот, во реално време. Системот преку адаптивна контрола овозможува комуникација меѓу крстосниците, со споделување информации за можноста колку возила да прими секоја следна крстосница. Од тука се определува и времето за зголемување или намалување на зеленото светло на семафорите.

За вчерашниот метеж, на кој влијаеја верижниот судир на 5 возила кај „Мавровка“, дождливото време и претпразничното заминување на граѓаните, градоначалничката Данела Арсовска ја обвини полицијата дека ги исклучиле семафорите, а полицијата возврати дека управувањето со крстосниците е во ингеренција на ЦУКС при Градот. И денеска МВР го впери прстот кон Град Скопје.

Сообраќајната полиција постапи за да го расчисти сообраќајниот метеж и тоа беше направено.Метежот беше расчистен откако сообраќајците се појавија на крстосниците. Семафор не може да работи во исто време кога има сообраќаец на улица. Поради тоа што веќе беше направен метежот, претпоставувам дека е поради несоодветно контролирање на системот, поради тоа сообраќајните полицајци мораа да излезат на терен, рече Сузана Прањиќ, портпарол во МВР.

За прозивката од МВР дека службите на Град Скопје вчера не биле на висина на задачата и што ќе превземат за подобрување на сообраќајот, иако побаравме, денеска не добивме одговори од Град Скопје.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе