Вести Македонија

Помалите коалициони партии во владата со забелешки за договорот со Алтернатива

Несразмерно многу место во новата влада на нејзината политичка тежина добила Алтернатива и тоа преку уцена му забележале помалите коалициски партнери во владата на премиерот Зоран Заев кои тој синоќа ги повика во владата да им го објасни она што го договориле со Африм Гаши.

Притоа помалите партии ја одбиле понудата на Заев за министерски места без ресор за нивните партии во идната влада, како компензација за она што го добила Алтернатива.

Притоа помалите партии во владата побарале од Заев наместо нови министерски места, нивниот број да се намалат, а да има и реформа и намалување на јавната администрација.

Сепак по ова прашање не биле донесени заклучоци и прашањето останало отворено особено во делот на застапеноста на помалите етнички заедници во владата, како што е на пример турската.

Генерално забелешките на помалите партии вчера се донесувале на деветте точки од новата владина програма потпишана со Алтернатива во делот на формулациите и непрецизностите, на што од Заев добиле уверување дека Алтернатива е отворена за соработка и точките ќе се доуредат.

Дел од партиите имале и конкретни забелешки за неколку точки до договорот, како што е барање за нов закон за рамномерен регионален развој.

Забелешки имало и околу договореното со Алтернатива во делот на законот за семејство и социјална заштита.

Заев пак од помалите партии побарал да се стрпат и за сите забелешки, но и за програмските определби на идната влада да разговараат со новиот лидер на СДСМ и иден мандатар на влада, што било прифатено од владините партнери.

Договорот за влез на Алтернатива во Владата лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска ја нараче обид на власта да го продолжи својот век на траење за неколку недели.

За најавите за враќање на министерските места без ресор во владата лидерот на опозицијата е на став дека тоа само непотребен трошок кој ќе го оптовари буџетот на државата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе