Вести Македонија Топ вести

Барањата за меѓународна ревизија на одредени предмети се без законска основа, тврди Рускоска за Телма

Нема никаква законска основа за повторување или барање за меѓународна ревизија на предметите Монструм, Диво Насеље, Алфи и Алмир Алиу, вели за Телма, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Рускоска.

Ова доаѓа откако Алтернатива го испорача како едно од барањата за влегување во коалиција со СДСМ и ДУИ.

Рускоска порача дека не смее политиката и правото да се мешаат, а особено што овие кривични дела не спаѓаат во дела против човечноста и меѓународното право, а особено што и предметот Диво Насеље е во Врховен суд.

Загриженост за барањата на Алтернатива и мешањето на политика со судство искажа денеска и претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми.

Посочи дека анализирајќи  ги последните изјави  на политичките партии укажува на потребата од обезбедување на услови за независно и непристрасно постапување на судовите во обезбедување на правна сигурност на граѓаните, при тоа какошто вели  отфрлајќи секаков вид на надворешно влијание врз правораздавањето.

“Судската одлука може да ја менува или укинува само непосредно повисок надлежен суд во постапка пропишана со Закон, а по исцрпување на домашните правни средства, може да се поведе постапка до Европскиот суд за човекови права. Посебно за одредени актуелни кривични судски предмети и досега истите се мониторирани од страна на претставници на Меѓународните организации” – вели Беса Адеми претседател на Врховен суд.

Претседателката на Врховниот суд упати и апел до политичките партии на воздржаност и соодветно комуницирање без да се загрози независноста и самостојноста на судската власт и судиите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе