Ковид19 Македонија Најважни

Во лабораторија се проверува дали смртта на двајца пациенти е поврзана со анти-Ковид вакцината

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје се бараат одговори за животот, но и смртта на двајца пациенти на 53 и 85 годишна возраст.

Се проверува каков живот живееле од здравствен аспект, од какви болести боледувале и какви терапии примале и што е причина за нивната смрт.

Анализите се прават за да се докаже дали анти-Ковид вакцината којашто ја примиле кратко пред смртта има некаква поврзаност со тоа.

За ова информираа од Агенцијата за лекови МАЛМЕД од каде што изразија сомнеж за било каква поврзаност, но ќе ги почекаат резултатите од лабораториските анализи.

Тие примиле пријави од матичните лекари коишто ги воделе двајцата пациенти, дека кај нив настапила смрт неколку недели откако примиле вакцина.

„Се прави комплетна обработка на информациите за да се докаже дали несаканата реакција во случајот смрт, дали е навистина поврзана со употребата на вакцините. Тие две пријави коишто ние ги добивме беа за 85 годишен возрасен човек и за 53 годишен човек и за нив сè уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините“ изјави Мерјем Хаџихамза, раководител на сектор во МАЛМЕД“ изјави Мерјем Хаџихамза, раководител на сектор во МАЛМЕД.

Директорот на Агенцијата за лекови Лирим Шабани дополнително информираше и за стотици пријави занесакани ефекти и тоа од медицинари.

Тој истите ги оцени како вообичаени и веќе напишани во упатството за употребата на вакцините.

„Ние конкретно за вакцините досега добивме 133 пријави од страна на лекари, 88 пријави од страна на фармацевти и 10 од страна на други здравствени работници. Во неколку наврати имавме пријави и од страна на граѓани. Реакциите се гадење, болка во екстремитети, вртоглавица, болка во рамото, болка на самото место на апликација на вакцината – овие несакани ефекти ги собравме досега“ изјави Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД.

Во однос на уништувањето на вакцините, директорот Шабани кажа дека досега се издадени решенија за уништување на некои серии на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и на „Синофарм“.

Вакцините се уништувале на неколку основи, како на пример заради истек на рокот на важност, промена на вакцината откако ги поминала сите процеси или пак ако е отстапено од ладниот ланец на транспорт – па дури и ако тоа значи само неколку секунди отстапка од пропишаните правила за соодветна температура.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе