Вести Свет

„Потоп на цивилизацијата“ е коментарот на Папата за односот на Европа кон мигрантите

Европа е рамнодушна и себична кога станува збор за бегалците, рњагираше папата Франциск кој посетата на Грција ја искористи и да ги посети мигрантите на островот Лезбос. Сакајќи да им пружи утеха на барателите на азил кои со месеци живеат на овој остров, во нивниот обид да преминат во Европа, понтифот ги ислуша нивните проблеми. Забележа дека малку се променило од неговата последна посета во 2016-та, кога започна мигрантската криза. Прстот го впери во Европа, која, како што кажа со својата себичност не ги гледа солзите во очите на децата бегалци.

Сепак, почитувањето на поединците и на човековите права, особено на овој континент, кој постојано ги промовира ширум светот, секогаш треба да се одржува, а достоинството на секој човек треба да биде пред се. Вознемирувачки е да се слушнат предлозите заедничките средства да се користат за изградба на ѕидови како решение, за изградба на бодликава жица. Ова е ера на ѕидови и бодликава жица.

Националистичкиот став на Европа ги осудува на смрт оние кои се на работ, рече папата. Повика да се сопре потонувањето на цивилизацијата.

Да не дозволиме ова место на средба да стане театар на конфликти. Да не дозволиме ова „море од спомени“ да се трансформира во „море на заборавот“. Браќа и сестри ве молам, да го запреме овој цивилизациски бродолом!.

Говорот на папата беше одржан пред бегалците, но насочен директно кон политичките лидери на европскиот континент, кои според него не успеаа да го решат проблемот со бегалците. Неговата порака за сочувство за барателите на азил не е нова, но неговиот јазик на Лезбос беше исклучително искрен. Сепак, иако неговите пораки се на некој начин инјекција кон дебатите кои се водат за мигранската криза, малку е веројатно дека ќе направат некоја разлика. Во Европа се уште нема политички апетит за либерализација на миграцискиот систем.

Ниту, пак, постои некаков знак за глобална политичка волја за решавање на проблемите на конфликтот и екстремната сиромаштија во светот што ги натера толку многу луѓе да ги напуштат своите домови.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе