Вести Македонија Најважни

Студеничани и Моране во траорна атмосфера се простија од загинатите сограѓани

Од Софија со авион до вечните почивалишта во Студеничани. Посмртните останки на 14 загинати жители на оваа општина се вратија дома. Ги пречекаа илјадници соседи, пријатели и роднини. Ги оплакуваа и се молеа за нив.

Ги превезе владиниот конвој од аеродромот а од домовите до гробиштата ги носеа роднините. Семејството Исени загуби четворица блиски. Се заблагодарија за организацијата и поддршка која ја добиваат, а по одговорите од надлежните што се случи кобниот 23 Ноември ќе тргнат од утре.

И соседното с. Моране е на нозе од изутринава. Таму трагедијата ги погоди уште посилно. Поширокото семејство Јахи погребаа десетмина свои членови, од кои 8 малолетни деца. На погребните церемонии на жртвите од оваа трагична несреќа присуствуваше и поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир еф Фетаху. Говореа и локалните имами, а петочната молитва ја посветија на своите несреќно загинати соседи и роднини.

Општина Студеничани нема да може да ја заборави несреќата во која загинаа 20 нивни сожители. Денеска нивните погледи беа вперени кон небото молејќи се своите блиски.

Велат, се попристуно е и разочарувањето од  тоа зошто и како се случила оваа страшна несреќа.

На погребните церемонии им претходеше обдукцијата и идентификацијата која ја заврши мешовит тим ексепрти до Македонија и Бугарија, а истражителите и обвинителите од двете земји во две независни истраги трагаат по причините и пропустите зошто и како се случи сообраќајната несреќа во која изгореа 45 патници во автобус на „Беса Транс“.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе