Студеничани и Морани денеска се обвиени во тага. Речиси половина од загинатите се од овие две села, каде што денеска имаше 20 погреби.
Семејството Јахи загуби 8 малолетни деца и 2-ца возрасни луѓе во страотната трагедија во Бугарија а нивните посмртни останки беа погребани во Моране.
Во Студеничани пак претходно беа погребани 4-ца членови на семејството Фати. Уште 6 жители на Студеничани беа погребани денеска во ова село.
Церемонијата во општина Студеничани започна со петочната молитва во џамиите, каде беа присутни голем број луѓе, кои им оддадоа почит на жртвите.
За траорната атмосфера во оваа општина, известува Павле Беловски