Малку е веројатно Бугарија да добие нова влада до Самитот на Европската унија, закажан за 16-ти декември, од кој Македонија очекува напредок во решавање на спорот со Бугарија. Бугарскиот амбасадор вели дека за решение прво треба да се почека да се формира владата во Софија.
Според уставните рокови во Бугарија, од добивање на мандатот, мандатарот има рок од седум дена да го предложи својот Кабинет. Проценките се дека мандатарот може да го добие мандатот, најрано идната недела, на осми декември. Тоа значи дека идната бугарска влада би можела да се формира најрано на 15 декември, еден ден пред Самитот на европските лидери.
Иако водачите на победничката партија, Продолжуваме со промената, Кирил
Петков и Асен Василев најавија нов пристап во односите со Македонија, бугарскиот претседател Румен Радев останува на цврстите позициии.
На средбата со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во Стразбур, Радев побара, како што вели, југозападниот сосед да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на Европската унија.
Треба да се преземат конкретни дејствија за запирање на јазикот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, во државните и научните институции, во медиумите и особено за правата на граѓаните со бугарски идентитет, тврди радев.
Треба да се преземат конкретни дејствија за запирање на јазикот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, во државните и научните институции, во медиумите и особено за правата на граѓаните со бугарски идентитет.
Словенија чие претседавање со Унијата завршува во декември смета дека има можност за одлука во декември, која би можело да се формализира во јануари,но само ако Бугарија состави влада.
Словенечкиот амбасадор Милан Предан вели:
Се уште сме оптимисти и мора да признаеме дека се уште нема влада во Бугарија, но и јасно парламентарно мнозинство тука. За да се дојде до решение треба двете земји да се поактивни. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада.
Ние сме се уште оптимисти и мора да признаеме дека се уште нема влада во Бугарија, но и јасно парламентарно мнозинство тука. За да се дојде до решение треба двете земји да се поактивни. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада,
За Предан, единствена мерка за успех ќе биде ако Македонија до крајот на словенечкото претседателство ги почне преговорите за членство во ЕУ.
Марија Дивитарова