Ковид19 Македонија

Новозаразени 333, оздравени 376, починати 16 КОВИД-пациенти во изминатото деноноќие

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.440 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Починаа 16 пациенти, најмладиот на 33 години, дополнително уште лице починато на 30 ноември, согласно со регистарот на Мој термин. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во изминатото деноноќие евидентирани се 376 оздравени пациенти.

Од новодијагностицираните 333, во Скопје се 154, Битола и Прилеп имаат по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – девет, Струмица – осум, Велес – седум, Тетово – шест, Делчево и Валандово по пет нови случаи, Крива Паланка, Ресен и Кратово по четири, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино по три, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево по два и по еден новозаразен е регистриран во Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево.

Од 16-те починати, четворица се од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по двајца се од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) и по еден починат од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г), Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Пациентот починат на 30 ноември, пријавен согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, е од Кавадарци, на возраст од 63 години и починал во болнички услови.

Од оздравените 376 пациенти,  од: Скопје се 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово по 12, Гевгелија – девет, Ресен – осум, Тетово и Струмица по седум, Делчево – шест, Кичево, Кратово и Богданци по пет, Виница и Пробиштип по четири оздравени, Охрид, Валандово и Македонска Каменица по двајца и по еден оздравен од Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе