Вести Македонија Најважни

И условите на патот влијаеле на несреќата на автобусот, но вината најверојатно е во возачот, тврдат бугарските обвинители Михајлов и Маринов

И патните услови придонеле за трагедијата на автобусот на Беса транс, но не се главната причина за несреќата, тврдат бугарскиот обвинител Бисер Михајлов и истражителот Марин Маринов во изјави на телевизијата БТВ.

-Придонесле (мисли на патните услови), придонесле, но не може да се каже дека патот е виновник за несреќата, истакна Марин Маринов, истражител во бугарското јавно обвинителство во емисијата „Лице в лице“ на БТВ.

-Мое лично мислење е дека поверојатно дека вината е во возачот, но се ќе каже истрагата. Поверојатно е дека патните услови немале никаква причинско-последична врска со несреќата отколку да имаат, рече обвинителот Бисер Михајлов во истата емисија.

Двајцата ги отфрлија како неточни верзиите за пожарот дека бил предизвикан од пиротехника во багажникот, дека имало туби и канистри со нафтени деривати за шверц или пак дека огнот се раширил со помош на скриена хемикалија која се користи за производство на хероин.

-Оваа трета верзија за хемикалии за дрога не сакам ниту да ја коментирам. Земени се соодветни примероци и хемиски се обработени со првична пожарно-техничка анализа. Ништо од ова не е докажано како причина за пожарот, истакна обвинителот Михајлов и ги отфрли како шпекулации трите теории кои беа користени и од бугарски и од македонски политичари особено онаа за хероинот.

Истрагата треба да биде завршена до Божик или најдоцна до Нова Година, а автобусот бил повторно прегледуван од вештаци за пожар, за сообрајна исравност на возила и полициски истражители.

-Вчера (се мисли на 1-ви декември) автобусот беше повторно подигнат од земја со кран. Го гледавме и и ние и сите експерти од долниот дел за да провериме определени теории за пожарот. Може да кажам дека знам односно имам увид во теориите за местото каде избувнал пожарот, како и со која брзина се ширел и поради што се ширел. Но, верувајте ми не може ништо однапред да кажам до официјалните резултати на истрагата, објаснуваше истражителот Маринов.

Според Маринов и Михајлов, автобусот директно удрил во банкината која се забила во него и го пробушила резервоарот со нафта. Пожарот почнал таму, а банкината се набрала во делот со резервоарот и под десната гума на автобусот.

Двајцата во емисијата „Лице в лице“ рекоа дека автобусот бил репариран и ремонтиран во Турција. Ставени биле нови тапацири и нова внатрешна опрема на автобусот кој од октомври лани е во сопственост на Беса транс.

Се проверуваат сите аспекти и сомнежи, па дури и шпекулации објавени во јавноста, истрагата досега обезбеди многу документи и докази и сето тоа треба да се анализира и презентира. За девет дена направена е првична обемна истрага, велат и шефот на обвинителскиот тим надлежен за истрагата на несреќата и главниот истражител на бугарското обвинителство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе