Македонија

Новомаалци ќе тужат ако не се градат висококатници – граѓанските иницијативи контра нив

Дел од жителите на Ново Маало се заканија дека ќе тужат ако некој се обиде да ја блокира реализацијата на комплексот „Гранд“. Градежните работи спроти хотелот „Холидеј Ин“ започнаа пред една недела во непосредна близина на куќите на новомаалци. Тие тогаш пред камерите велеа дека се среќни што конечно започнува да се модернизира тој простор каде што сега има паркинг и каде што се нивните трошни куќи кои со закон не смее ниту да се реновираат, и за коишто очекуваат и добра отштета. Поради бројните реакции во јавноста против изградбата на висококатниците, од страна на одредени граѓански иницијативи и активисти меѓу кои и „Шанса за Центар“, новомаалци непријател пронајдоа во советничката во Општина Центар, Јана Белчева. Ја обвинија дека како претседател на Советот на Општината во претходниот мандат, таа влијаела да нема мораториум на Детален урбанистички план за населбата Водно заради свој личен интерес.

Оваа барака од 200 метри квадратни нејзината мајка Марија и нејзиниот вујко Климе во септември 2020 година ја продаваат за фантастични 380 илјади евра, на место на коешто денес се гради огромен објект од 1000 метри квадратни. Повторувам, 380 илјади евра личен профит, а може и повеќе, со пари на рака и објект од четири ката на површина од 1000 метри квадртатни. Прашуваме, дали со ДУП-от којшто таа го исклучува од мораториумот, таа гледа шанса за профит? прашува Игор Стојанов, жител на Ново Маало.

Од „Шанса за Центар“ веднаш возвратија на тоа. Обвинувањата ги сметаат за тенденциозни и поттикната. Според нив, парцелата од пред пандемијата е во сопственост на трети лица.

Обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало насочени кон неа ги сметамe за крајно тенденциозни, лажни и поттикнати од други субјекти, кои манипулираат и со системот и со засегнатите жители на Ново Маало. Белчева Андреевска нема апсолутно ништо со посочената парцела која спаѓа во ДУП донесен во 2013, а во време кога немала мандат во Советот. Овој план не спаѓа во плановите кои биле под мораториум донесен по основ за неусогласеност со ГУП 2012, и по направена анализа од стручна комисија на Општината, велаТ ОД „ШАНСА ЗА центар“.

Утре, петок пред Јавното обвинителство е закажан и протест против изградбата на висококатниците токму на тој простор во центарот на Скопје. Како организатор се јавува иницијативата „Зелен Хуман Град“ затоа што сметаат дека висококатници на таа локација ќе придонесе само за уште поголемо загадување на воздухот во главниот град. Меѓу неколкуте барања на иницијативата е и тоа Владата да одвои средства од централниот буџет за жителите на Ново Маало да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе