Вести Македонија

Странски тајни служби предупредуваат за терористички акции – МВР на готовс

Се борел во Сирија и знае да користи оружје. Државјанин е на Косово а оперира и во Македонија. Тајните служби му се зад петици и ги знаат возилата кои ги користи.

Информацијата за потенцијалниот терорист стасала од странска служба, а МВР е на готовс.

Истрагата е во тајност, а неофицијално активностите на македонските истражители следат откако и Косовските медиуми пред три дена објавија дека САД испратиле известување за можен терористички напад на Косово, два дена откако беше стрелано кон автобус со средношколци, во Глоѓане.

И Скопје синоќа беше во страв од тероризам откако експертите за експлозиви бараа поставени бомби на две локации. Пријавите за бомба во МНТ и зградата на државната комисија за спречување комисија се лажни објави МВР, но заканите за тероризам се реални објаснува универзитетскиот професор Методи Хаџи – Јанев според кого токму лажните пријави им одат во корист на овие луѓе за да предизвикаат чувство на страв и да привлечат следбеници.

Домашен но и увезен тероризам, потврдува Хаџи –Јанев. Во два наврати изминатите година-  странски тајни служби асиситираа во разбивање на 2 терористички ќелии – акции кои резултираа со судски пресуди и долгогодишни затворски казни за луѓе кои имале пари, располагале со оружје и стекнале воено искуство на боиштата.

Пред само неколку месеци кривичниот суд во Скопје изрече 9 затворски казни за членовите на кумановската терористичка ќелија. Четворицата  организатори според првостепниот суд треба да минат во затвор до 6 до 12 години бидејќи според обвинителството основале терористичка организација, набавиле оружје, се обучувале и се подготвувале за акција.

Заедничко од истрагите на македонските истражители, странските служби и амбасади е дека можни напади во регионот на Балканот, вклучително и Косово се туристичките места, сообраќајните центри, пазарите, трговските центри, структурите на локалната власт, хотелите, клубовите, рестораните, местата за богослужба, парковите, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми и други јавни површини.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе