Вести Македонија Најважни

Ковачевски и Ременски поднесоа кандидатури за лидер на СДСМ

Димитар Ковачевски и Фросина Ременски влегоа во трка за лидерската позиција на СДСМ.И двајцата порачаа дека е време за единство и обединување на партијата.,, Заедно,одговорно и посветено ,, е името на програмата со која актуелниот заменик министер за финасии ќе се обиде да го убеди членството да му ја даде поддршката на внатрепартсиките избори кои ќе се одржат на 12 декември.

Програмата се базира на три столба, социјалдемократска визија, економски раст и фер шанса и јасен и парвичен систем со одговорност.

Во партиското седиште утрово се појави и поранешната пратеничка и висок функционер Фросина Ременски. Очекува фер борба и победа.

Постапката за поднесување кандидатури за лидер на СДСМ истекува во петок на полноќ.Внатрепартските избори ќе се одржат на 12 декември со тајно гласање од мнозинството членови. До изборот на нов Претседател, Зоран Заев останува на чело на партијата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе