Половина час интензивни врнежи од снег, утрово ја блокираа Битола. Утрово врнежите беа обилни што предизвика проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот во градот, информира Тера телевизија.
Низ големите сообраќајници отежнато движење на возилата, автобусите, застој на кружните текови, а тешко искачување на повисоките места, како што е Брусничката населба.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.